Промени тема
Контакт

(Видео) Шест години Интервентна полиција во Скопје: Намалени разбојништва за 40 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarynp03bqetidavfckLSpG

Со свечена манифестација денеска беше одбележан Денот на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по повод шест години од нејзиното формирање. На настанот беше истакната улогата на единицата во одржувањето на јавниот ред и мир и во заштитата на безбедноста на граѓаните во главниот град.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во своето обраќање оцени дека Интервентната полиција се изградила во еден од клучните сегменти на безбедносниот систем, со висока оперативна подготвеност и брза реакција на терен.

„Интервентната полиција често беше прва на местото на настанот и даде значаен придонес во заштитата на граѓаните. Намалувањето на разбојништвата во Скопје за околу 40 проценти е конкретен и мерлив резултат на вашата работа“, изјави Тошковски.

Тој најави дека Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со инвестиции во опрема, обука и човечки ресурси, со цел понатамошна модернизација и зголемување на капацитетите на Единицата.

— реклама —

Командантот на Единицата за интервентна полиција, Милош Столевски, истакна дека за шест години постоење, единицата се етаблирала како неопходна алатка во борбата против криминалот и нарушувањето на јавниот ред.

— реклама —

„Членството во Интервентната полиција носи чест, но и сериозна одговорност. Со професионалност и дисциплина изградивме доверба кај граѓаните и придонесовме Скопје да биде побезбедно место за живеење“, изјави Столевски.

На настанот беше потенцирана и важноста на меѓуединичната координација и соработката со останатите служби во рамките на МВР, особено при спроведување на комплексни оперативни акции.

— реклама —

Од МВР порачуваат дека Интервентната полиција ќе продолжи да се развива како модерна, професионална и ефикасна единица, насочена кон заштита на граѓаните и одржување на стабилен јавен ред и мир.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ltrnti85vn1brvIMnO

Тошковски на средба со регионалниот претставник на UNODC Данило Рици: Ја продлабочуваме соработката во борбата против недозволената трговија со дрога

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-library1bm0jdblcp44fiPxk3i

Загина возач откако со товарно возило излетал од патот Струмица–Радовиш

Македонија | пред 19 часа

media-libraryqqqj6jrpg4kvcO37G8e

13 возачи приведени низ државата, осуммина возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 20 часа

media-libraryh6657etpgbs67I2pDZY

Осум лица уапсени во Скопје и Велес поради пронајдена дрога

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања