Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Сеута не мирува: Илјадници мигранти и натаму на улиците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library02i35qhog8thag61W4q

Шпанските власти префрлиле 864 мигранти во новиот привремен прифатен центар „Лос Росалес“ во Сеута, каде што ја поминале првата ноќ, додека илјадници други и натаму престојуваат на улиците на шпанската енклава.

Мигрантите во неделата наутро биле префрлени од локацијата Лома Колменар, оддалечена околу 1,5 километри. Во наредните денови ќе останат во центарот, каде што треба да бидат регистрирани и индивидуално проценети нивните случаи.

— реклама —

Шпанското Министерство за миграции и инклузија најавува дека постапката за нивна тријажа треба да започне наскоро. Владата очекува во следните недели да обезбеди до 6.000 места за мигранти, додека во моментов се достапни и функционални околу 4.300.

— реклама —

Мигрантите кои се префрлени во „Лос Росалес“ пристигнале во Сеута на 30 јули, за време на масовниот влез во енклавата. По околу месец и половина поминати на отворено, тие ја поминале првата ноќ во привремено засолниште.

На влезот во центарот биле поставени неколку полициски контролни пунктови, каде што службениците ја проверувале облеката, торбите и личните работи на мигрантите.

Центарот, со капацитет од 864 лица, бил исполнет за помалку од два часа. Стотици мигранти останале надвор, чекајќи решение бидејќи немаат каде да заминат. На локацијата се поставени шатори, кревети на кат и подвижни тоалети.

— реклама —

Шпанската влада наведува дека приоритет е завршувањето на процесот на регистрација, по што секој случај ќе биде разгледан одделно.

Во меѓувреме, на локации како плажите Трамполи и Бенитез и натаму можат да се видат десетици импровизирани засолништа во кои престојуваат мигранти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library02i35qhog8thag61W4q

Спорот поради мигрантите во Сеута заврши, Италија и Шпанија ги укинуваат контролите

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-library02i35qhog8thag61W4q

Шпанската опозиција бара испраќање воена морнарица во Сеута по наводен упад на марокански брод

Свет | пред 1 седмица

media-libraryg6j929frg711bJBW7y4

Шпанската полиција расчисти мигрантски камп во Сеута, повеќе од 3.000 луѓе преместени во прифатен центар

Свет | пред 3 седмици

media-library71rkk5etrlf02JU2E6o

Околу 2.000 малолетници без придружба во Сеута би можеле да останат во Шпанија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања