Промени тема
Контакт

(Видео) Шест лица загинаа, 90 се повредени во руски напад во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library1bd4uhok8t2f5bIhqn0

Најмалку шест лица загинаа, а околу 90 се повредени во руски напад со дронови врз трговски центар во Криви Рих, Украина, при што втор проектил ги погодил спасувачките екипи додека траела акцијата за извлекување на настраданите.

— реклама —

Меѓу повредените има и шест деца, а според регионалниот гувернер Олександр Ханжа, 21 лице е во тешка состојба, меѓу кои и едно дете.

— реклама —

По првиот напад избил голем пожар во објектот, а густ црн чад со часови се издигнувал над градот додека пожарникарите се обидувале да го локализираат огнот. Вториот дрон удрил околу половина час по првиот напад, токму во моментот кога спасувачките екипи работеле на теренот.

— реклама —

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот, оценувајќи дека вториот удар бил насочен кон медицинските и противпожарните тимови. Тој порача дека станува збор за „терористички чин“ и побара од меѓународната заедница да изврши дополнителен притисок врз Москва.

— реклама —

Криви Рих е родниот град на Зеленски и често е цел на руски воздушни напади. Нападот врз трговскиот центар се случил во текот на денот, кога објектот бил полн со посетители.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ukraina-grad-zelesnski

„Ќе умреме оваа есен“: Украински град останува без храна, околу 2.000 луѓе заробени меѓу мини и дронови

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryfvlsobqfonkg57HgRXO

Киев тврди дека со напади е оневозможено повеќе од 51 отсто од руските нафтопреработувачки капацитети

Свет | пред 2 дена

media-libraryct492hg3j5qs9mr9QcJ

(Видео) Руски дрон удри во мост во Киев додека по него се движеа автомобили

Свет | пред 3 дена

media-libraryd2qu3p83d63k7PIAIdi

Мерц пристигна во Киев со шефови на германски одбранбени компании: Носи пакет од 1,35 милијарди евра

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања