Промени тема
Контакт

(Видео) „Што пие Анисимова?!“: Тенискиот свет збунет од мистериозниот напиток среде меч

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Спорт
media-libraryknv49i9masgmabZ0mNB
screenshot X

Американската тенисерка Аманда Анисимова го привлече вниманието на тенискиот свет за време на мечот против Александра Еала на турнирот во Синсинати, но овојпат не поради нејзината игра. Во еден момент таа од својата торба извади чаша со напиток кој на телевизиските гледачи им заличи на пиво.

Ситуацијата веднаш ги заинтригира и коментаторите. Брет Хабер ја праша Линдзи Девенпорт што пие Анисимова, на што таа претпостави дека можеби станува збор за јаболков сидер.

„Никогаш не би рекол дека тенисерка пие пиво среде меч, но дефинитивно така изгледа“, коментираше Хабер.

— реклама —

„Никогаш немам видено вакво нешто“, додаде Девенпорт.

На социјалните мрежи веднаш започнаа шпекулации. Некои сметаа дека станува збор за пиво, други за ѓумбиров напиток или безалкохолно пиво, додека дел од навивачите претпоставуваа дека пиела „Ред бул“. Алкохолни пијалаци не се дозволени за време на мечевите, па мистеријата дополнително го привлече вниманието.

— реклама —

Подоцна било потврдено дека мистериозниот напиток навистина бил „Ред бул“. Информацијата ја потврдил оператор на камерите покрај теренот, според кој Анисимова побарала токму таков напиток.

— реклама —

Анисимова, во меѓувреме, успеала да направи пресврт против Еала. Откако го загубила првиот сет, ги освоила следните два и славела со 4:6, 6:4, 6:2.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања