Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Штом се исклучија камерите, се исклучи и парното“ – Здравевски со обвинувања за посетата на Јаневска во студентскиот дом „Стив Наумов“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-librarygll52h64aanf6YNww8Y

Посетата на министерката за образование Весна Јаневска на реновираниот студентски дом „Стив Наумов“ предизвика реакции од советникот на Левица во Советот на Општина Кисела Вода, Петар Здравевски, кој тврди дека зад прикажаната слика за подобрени услови се кријат проблеми со кои студентите секојдневно се соочуваат.

Здравевски обвинува дека посетата била режирана за пред камерите да се прикаже уреден дом, функционално парно и богата понуда на храна во мензата, додека вистинската состојба, според него, е поинаква.

— реклама —

Тој наведува дека студентите и понатаму се соочуваат со вода што протекува низ ѕидовите, бучни радијатори, недоволно храна во мензата и недостиг од интернет.

— реклама —
— реклама —

„Штом се изгаснаа камерите и си замина министерката, веднаш се исклучи и парното, а обилниот ручек исчезна исто толку брзо колку што дојде“, напиша Здравевски на социјалните мрежи.

Тој ја критикуваше посетата, оценувајќи дека наместо прикажување на привид за подобрени услови, институциите треба да се соочат со проблемите и да обезбедат достоинствени услови за живот на студентите.

Здравевски објави и видео на кое, како што наведува, се слуша продорниот звук што го испуштаат радијаторите во реновираниот дом, како и протекување вода низ ѕид во една од бањите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања