Промени тема
Контакт

(Видео) Сиднеј ја дочека 2026 година со спектакуларен огномет и засилени безбедносни мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library0l4m5l65fkof9agvlfX

Сиднеј денеска влезе во новата 2026 година со традиционален, величествен огномет, но под строги безбедносни мерки, само две недели по трагичниот вооружен напад на еврејска прослава на плажата Бонди, во кој загинаа 15 лица.

Во 23 часот по локално време, организаторите одржаа минута молк во чест на жртвите. Мостот Харбор беше осветлен во бела боја, а на неговите пилони беше проектирана менора – симбол на јудаизмот. Градоначалничката на Сиднеј, Кловер Мур, изјави дека по трагичниот крај на годината за градот, новогодишниот дочек треба да биде можност граѓаните да се обединат и со надеж да ја дочекаат мирната и среќна 2026 година.

— реклама —

Нападот се случи на 14 декември за време на прославата на Ханука, кога вооружени напаѓачи – татко и син – убија 15 луѓе. Станува збор за најтешкото масовно убиство во Австралија во речиси три децении, кое ја шокираше јавноста и ги засили стравувањата од пораст на антисемитизмот во земјата.

— реклама —

Поради безбедносни причини, традиционалните празнични прослави на плажата Бонди годинава беа значително поскромни, а неколку новогодишни настани беа откажани. За време на главниот дочек, на кој обично присуствуваат повеќе од еден милион луѓе, во градот беа распоредени околу 3.000 полицајци, дел од нив и со автоматско оружје.

— реклама —

Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, порача дека општеството мора да покаже пркос пред ваквите злосторства и да испрати јасна порака дека тероризмот нема да ги заплаши граѓаните, ниту ќе го промени начинот на живот во градот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj3rd2m0r2js5bQTDutD

Полицаец од Сиднеј обвинет за убиство на поранешниот партнер, тврди дека било самоодбрана

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
gradinka-2

Дедо во градинка во Сиднеј по грешка зел туѓо дете и го однел дома

Свет | пред 2 седмици

media-library9hourqbsgd376YRjIF1

Пацифиикот прв во светот ќе ја пречека 2026 година, Сиднеј ќе испрати порака за мир по нападот на Бонди

Патувања | пред 8 месеци

media-librarya51htd7auulb4uUxsp7

Апсења во Сиднеј по масакрот во Бонди: полицијата спречила можен нов напад

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања