„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Силјановска Давкова: Она што ме водеше да поднесам кандидатура е глас на разумот, глас на правото, правдата и моралот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gordana-siljanovska

Прва видео изјава на проф. Гордана Силјановска Давкова откако ВМРО ДПМНЕ ги објави имињата на лицата кои поднеле кандидатура до партијата. Силјановска е еден од девете кандидати за кои партијата ќе одлучува на конвенција во Струга на 16 февруари.

— реклама —

„По долго размислување решив да ја прфатам иницијативата на моите почитувани колеги, за натпартиски кандидат на следните претседателски избори. Токму поради тоа ја барам поддршката од сите граѓани на Р Македонија од ковенцијта на ВМРО ДПМНЕ, како и од други политички субјекти. Она што ме водеше во одлуката беше свеста за насушната потреба во Р Македонија од глас на разумот, глас на правото, правдата и моралот, глс на вистинските европски вредости“, рече во видео обраќањето Силјановска Давкова .

— реклама —
uqqrFJJi0jk

Новиот претседател на УМС, Јован Јаулески, е првиот од ВМРО-ДПМНЕ кој само неколку часа по објавата на имињата кои се пријавиле на огласот за претседателски кандидат на оваа партија, даде јавна поддршка за професорката Гордана Силјановска Давкова.

Тој на Фејсбук напиша:

„Како Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ давам лична и отворена поддршка за кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска Давкова на претстојната Конвенција за избор на претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Струга. Професорката Силјаноска која имав и чест лично да ја запознаам и да учам од неа, како нејзин студент по Уставно право е голем педагог, чесен и одговорен човек кон секоја работа која ја работи. Професорката е синоним за одбрана на Уставот и уставниот поредок. Како човек кој потекнувам од Струга, многу убаво се сеќавам кога професорката застана во одбрана на уставноста и се изјасни против Законот за територијална поделба, кој и нанесе големи штети на државата, професорката застана на браникот на уставноста и при гласањето на законот за двојазичност, против кој изразито се спротивстави и на чија неуставност укажа. Професорката е безкомпромисна кога се работи за правото ова го докажа и при застанувањето против договорот од Преспа со кој се менува уставното име на државата. Јас сум цврсто уверен, дека професорката Силјаноска со своето огромно академско и животно искуство ќе биде вистински Претседател на државата, која ќе ги брани Уставот и законите и секогаш ќе се води првенствено од интересот на граѓаните“, напиша Јаулески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања