Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова за време на денешната посета на Радовиш изјави дека таа никогаш нема да го употреби името Северна Македонија.
Државата тие сега ја нарекуваат Северна Македонија, ние никогаш тоа име нема да го употребиме оти ако во времето кога ги прекрстувале нашите баби и дедовци, тие не го употребувале тоа презиме, другите ги нарекувале така. Но тие биле спремни да бидат поведени под тортура, зошти ние не би можеле тоа. Да им покажеме дека може каде сакаат да го стават името, на улиците, дека ќе го пречкртуваат луѓето, меѓутоа тоа зборува за нив, не за нас. Ние сме наследиле име и имаме вековна обврска да го пренесеме тоа на оние кои доаѓаа по нас.
https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/videos/361942921319119/