Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Силно невреме го погоди Загреб, откорнати покриви и прекинат трамвајски сообраќај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Настани
media-libraryf2hpfu66bj759GnL39E
unsplash

Силно невреме проследено со обилен дожд, град и силен ветер утрово го погоди Загреб, предизвикувајќи сериозни проблеми во сообраќајот и голема материјална штета.

— реклама —

Поради паднати дрвја и оштетена инфраструктура, биле прекинати повеќе трамвајски линии низ хрватската престолнина. Најголеми проблеми биле регистрирани на улиците Савска и Максимирска, каде што дрвја целосно го блокирале движењето на трамваите, додека во населбата Микулиќи проблеми предизвикал паднат електричен кабел.

Граѓани на социјалните мрежи објавуваат снимки од откорнати покриви, расфрлани ќерамиди и оштетени објекти, особено во населбата Шпанско, каде што ветерот бил најсилен.

— реклама —

Невремето претходно зафатило делови од Словенија, каде што во околината на Домжале паднал силен град, а во некои северни предели бил забележан и снег.

— реклама —

Метеоролозите предупредуваат дека истиот фронт попладне ќе ја зафати и Србија, каде што се очекуваат силни налети на ветер, обилни врнежи, грмежи и локален град. Во одредени делови од земјата се прогнозира ветер со брзина до 120 километри на час.

Властите во регионот апелираат граѓаните да бидат внимателни поради опасност од паднати дрвја, прекини во снабдувањето со електрична енергија и отежнат сообраќај.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeimfhsi09t6kePr6fOG

Хрватски психијатар за смртта на Периш: Во 21 век сè повеќе ни недостига здрав разум

Балкан | пред 4 часа

— реклама —
media-library0dab39acoj3a7tjJLSn

(Видео) Бура и снег создадоа хаос во Хрватска: А1 затворен, на А6 возила заглавени во снег

Настани | пред 5 часа

evra

Просечната нето-плата во Загреб пораснала за 8,1 отсто за една година

Балкан | пред 6 часа

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања