Промени тема
Контакт

(Видео) Силно невреме во Крива Паланка: Концертот одложен за денеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarynbi67h0dr12t0ZDUAny
фото: скриншот тв стар

Силно невреме вчера ја зафати Крива Паланка, оставајќи последици поради кои организаторите одлучија да го одложат планираниот концерт.

Од Општина Крива Паланка информираа дека поради последиците од невремето е потребна целосна проверка на сценската и техничката опрема, како и нејзино безбедно ставање во функција.

— реклама —

Поради тоа, концертот наместо вчера ќе се одржи денеска, 30 август, на Градскиот стадион во Крива Паланка. Времето останува непроменето, односно концертната програма ќе започне во 20:00 часот.

— реклама —

Одлуката е донесена пред сè поради безбедноста на публиката, изведувачите и сите лица ангажирани во организацијата.

Од Општината им се заблагодарија на граѓаните и посетителите за трпението, разбирањето и поддршката, со порака дека сите дополнителни информации ќе бидат објавувани преку официјалните канали.

— реклама —

На своите профили на социјалните мрежи, Слаткар, Лепа Брена и Ацо Пејовиќ објавија видеа во кои ја информираа публиката дека тие биле спремни да настапат, но поради последиците од невремето, концертот во Крива Паланка се одложува за утре, 30 август.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykkvn8l61jgraen8tLB4

Тони Михајловски доби признание како лауреат на фестивалот „Св. Јоаким Осоговски“

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
bez-voda

Жители на Конопница алармираат: Со месеци сме без вода, никој не го решава проблемот

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryg0v8595a7jcg3Beyl4i

(Фото) Велигденска магија во Крива Паланка: Градот во празнично руво

Македонија | пред 6 месеци

kriva-palanka

Подметнат пожар во Крива Паланка: уништена штала со сено

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања