„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ВИДЕО: Сите кои биле вмешани во пожар, не завршиле во затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pozar-pehcevo

Палеле шуми, стрништа, заварувале и не ги почитувале мерките за безбедност. Сите кои биле вмешани во пожар, не завршиле во затвор. Платиле парчина казна или добиле условна казна,  покажува судската архива. Во основните судови ширум земјата нема ниту една пресуда за предизивкување шумски пожар, објави Телма.

— реклама —

Кривично дело 227 за кое најмалата затворска казна е 8 години, за повеќе потпалувања најмалку 10 години. Во 2017 година кога Македонија гореше на Матка беше фатено едно лице, но и тој заврши со полесното кривично дело „предизвикување општа опасност“ односно затвор до три години а доколку е од небрежност, да плати парична казна.

Пред судот во Скопје ќе треба да се појави и 35 годишниот кавадарачанец кој пред два дена заваруваше ограда во поранешниот хемиски гигант.

— реклама —

Токму членот 228 е најчестата опција на подносителите МВР и Јавното обвинителство. Кривично дело со кое сторителите поминуваат полесно, односно или добиваат условни казни да не го повторат делото и плаќаат парични казни до 800 евра. Таквата пракса на истражителите продолжува и во оваа сезона на пожари, па само за 4 дена 5 лица заработија пријави за предизвикување општата опасност.

Qp7-53FTuLs

Повеќе на Телма

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања