Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Сите пратеници да гласаат за измените на Законот со кој минималната плата се зголемува на 18.000 денари, бара Шкријељ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sobranie-6

„Денеска на Комисијата за труд и социјална политика на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за минимална плата, со кои создаваме услови минималната плата да изнесува најмалку 18.000 денари. Веќе од први април околу 80.000 работници ќе добиваат плата повисока за скоро три илјади денари“, вели Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

— реклама —

Таа додава:

„Со ова последно зголемување, за само четири и пол години, минималната плата ја зголемивме од 8.800 денари на 18.000 денари, односно за повеќе од 100 отсто.

— реклама —

Ова го постигнавме, како и досега низ еден транспарентен и конструктивен дијалог помеѓу социјалните партнери - Владата, претставници на работниците и претставниците на работодавачите.

Работниците, вреднувањето на нивниот труд, обезбедувањето на достоинствени услови за работа се наш врвен приоритет затоа што работниците се нашата најголема вредност.

Овој Закон обезбедува извесна иднина за сите работници бидејќи, со воведувањето на новиот критериум за пресметување на минималната плата, таа не може да биде пониска од 57 проценти од висната на просечната плата.

Дополнително, оваа мерка е исклучително важна за унапредувањето на родовата еднаквост , бидејќи факт е дека жените доминираат во трудоинвазивните дејности. Економското јакнење на жените е клучно за родовата еднаквост.

Ги повикувам сите пратеници, да ги поддржат овие измени на Законот, тие да бидат донесени што е можно побрзо, затоа што се работи за подобрување на стандардот на 80.000 наши сограѓани, се работи за унапредување на нашата домашна економија.

Како парламентарно мнозинство, продолжуваме со реализација на мерки и политики кои значат вложување во луѓето, во подобриот стандард и повеќе пари во секое семејство“.

qA1p2_VE-Wg

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања