Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Скапи јадења, специјални нарачки и алкохолни пијалоци барикирано 12 години плаќале Јанчева и Шилегов преку сметката на Град Скопје, тврди Митева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
IMG_3463

„Љубица Јанчева и Петре Шилегов со пари на скопјани се гоштевале со скапи јадења и пиеле алкохолни пијалоци стари 12 години. Во предновогодишна забава Јанчева и Шилегов потрошиле 91.560 денари, фактура потпишана од Јанчева, а платена од Град Скопје, од парите на скопјани“, тврди Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Дополнително, одговорната администрација во Град Скопје при секторот за Финансии за оваа фактура се обидела да се спротивстави и да укаже дека е спротивно на Закон да се доставува фактура за извршени услуги за кои нема склучен договор во 2019 година. Односно, во повеќе наврати на надлежните сектори им било посочено дека доставата на фактура со дата и архивски број, а без склучен договор од претходната година е спротивно на Законот за внатрешна финансиска контрола. За таа намена, Секторот за финансиски прашања доставил службена белешка за ова до Шилегов и секретарот на Град Скопје Викторија Аврамовска Мандиќ“, додава таа.

— реклама —
Jpyk-0-Ioto

„Ова е брутално кршење на законите од страна на функционерите на СДСМ кои спротивно на укажувањата на стручните лица, сепак одлучиле да потпишуваат сметки за реализирани средства за репрезентација. Од документот со потписот на Јанчева oд кој се гледа дека на два дена пред Нова Година таа и Шилегов потрошиле 91.560 денари. Шилегов и Јанчева за еден ден во кафана потрошиле 6 минимални плати. За еден ден, за неколку часа во кафана тие потрошиле пари со кои можеле 6 семејства да го поминат месецот. Од фискалната сметка се гледа што нарачувале Јанчева и Шилегов. Додека половина милион луѓе живеат во исклучително тешки услови, Љубица Јанчева и Шилегов пиеле ексклузивно виски Џони Вокер барикирано 12 години, виски Џејмисон и Џeк Дениелс, но и Чивас Ригал.

Ова специјално друштво имало и специјална нарачка од кујна во висина од 60.000 денари, без спецификација што содржела таа нарачка. Посебна сметка имало и за Петре Шилегов, кој нарачувал бифтек на путер од 2.400 денари една порција. Внимавајте само за една порција Шилегов потрошил 1/5 од минималната плата на голем број работници низ државата. Тоа се пари со кои голем број на граѓани треба да живеат неколку дена, а Шилегов од градскиот буџет ги троши за едно јадење“, вика Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова се причините за нервозата во СДСМ, кај Љубица Јанчева, Петре Шилегов, и другите поранешни градоначалници и локални функционери кои не можат повеќе да ги злоупотребуваат привилегиите на нивната функција. СДСМ продолжува со манипулирање на јавноста затоа што им е нарушен комодитетот и луксузот“, посочи таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања