Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Скопјанка алармира: Чопор од над 20 кучиња напаѓа велосипедисти на кејот, да паднев немаше да ме остават

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 14 часа -

Скопје
media-libraryeqn9q4kpqoshbNAfdMU

Скопјанката Ирина Нелковска предупреди на безбедносен проблем на кејот на Вардар, откако утринава околу 7 часот била опколена од чопор кучиња додека возела велосипед кон работа, на потегот од адреналинскиот парк во Карпош 4 до „Александар Палас“. Таа вели дека првично ја нападнале 4-5 кучиња, а потоа се приклучиле уште, вкупно околу 20, кои агресивно ја следеле и ѝ ги влечеле торбите, обидувајќи се да ја соборат. Апелира до институциите итно да реагираат; граѓаните со месеци алармираат, но решение нема.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Скопјанката Ирина Нелковска преку јавен апел предупреди на сериозен безбедносен проблем на кејот на Вардар, откако утринава била опколена од голем чопор кучиња додека со велосипед се движела кон работа.

Според нејзиното сведоштво, инцидентот се случил околу 7 часот наутро на потегот од адреналинскиот парк во Карпош 4 до „Александар Палас“, каде, како што вели, веќе подолго време има групи кучиња кои реагираат на велосипеди, тротинети и тркачи.

— реклама —

„На клипот се гледаат четири-пет кучиња како ми се пуштија. Останав смирена, очекував дека ќе се откажат и ќе ја поминам трасата. Не ме исплашија, тоа за мене беше очекувано“, наведува Нелковска.

Ситуацијата, како што раскажува, станала опасна кога кон првичната група почнале да се приклучуваат нови кучиња.

— реклама —

„Од пешачката патека почнаа да се приклучуваат нови и нови. Можеби беа околу 20 ако не и повеќе. Почнаа агресивно да се пуштаат, веќе не беше безбедно“, вели таа.

Нелковска додава дека во обид да избегне напад, забрзала со велосипедот, но кучињата продолжиле да ја следат и да ѝ ги влечат торбите.

„На два-три пати осетив како ги влечат дисаѓите во обид да изгубам рамнотежа. Ако паднев, оној чопор немаше да ме остави на мира. Немаше никој околу мене да помогне“, предупредува таа.

Таа оценува дека ваква ситуација е недозволива за урбана средина и апелира до надлежните институции итно да преземат мерки.

„Премногу се и опасни се за било кого. Прашање на време е кога некој ќе настрада. Крајно време е некој да преземе сериозни мерки“, порачува Нелковска.

Граѓаните со месеци реагираат за зголемен број бездомни кучиња на кејот, но, според нив, конкретно решение од институциите сѐ уште нема.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања