„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Скопје попладнево зафатено од невреме и повеќе пожари, има сомнежи и за подметнување на дел од нив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
viber_image_2025-08-30_18-35-54-228

Скопскиот регион денес попладне беше погоден од силно невреме проследено со ветер и дожд, по што речиси истовремено избија повеќе пожари на отворен простор, видливи од голем дел од градот и предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.

— реклама —

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека за дел од пожарите постојат сомневања дека биле намерно подметнати.

Во моментите кога огнената стихија беснееше на повеќе локации, силниот ветер и дожд во регионот на аеродромот Скопје не дозволија ер тракторите на ДЗС и армискиот хеликоптер, кои беа ставени во готовност, да полетаат и да помогнат во гаснењето.

— реклама —

Пожари беа регистрирани во општина Сарај, во селото Крушопек кон падините на Водно, каде беа зафатени ниска вегетација и мешана шума, во општина Карпош кај спортската сала „Борис Трајковски“, во Гази Баба кај селата Виниче и Црешево, во Бутел кај последна 57 и во Инџиково.

Надлежните соопштија дека сите пожари се изгаснати или ставени под целосна контрола.

„Голема благодарност до екипите на скопската Бригада за противпожарна заштита за брзата и пожртвувана реакција. Благодарност и до тимовите на ДЗС, како и доброволното противпожарно друштво од Чаир. Посебна благодарност до повеќето граѓани кои се затекнаа на местата на пожарите и несебично помогнаа на пожарникарите,“ објавија од ДЗС.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања