Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Скопје започна акција за садење 3.500 садници, до крајот на сезоната планирани 6.000, најави Ѓорѓиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 30 минути -

Скопје
media-library88jij9riduei9NmMYXo

Градот Скопје започна голема акција за обновување на зеленилото, во чии рамки ќе бидат засадени 3.500 садници на јавни површини низ градот. До крајот на сезоната за садење, планирано е бројот да достигне вкупно 6.000 нови садници.

— реклама —

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека акцијата опфаќа постојни и нови паркови, зелени површини долж булеварите, како и други јавни простори во сите скопски општини.

Тој нагласи дека секое ново дрво придонесува за почист воздух, повеќе сенка и создавање пријатни места за одмор, прошетки и дружење.

— реклама —

Ѓорѓиевски порача дека грижата за зеленилото и чистотата на градот е еден од неговите приоритети, посочувајќи дека Скопје се сака со конкретни дела.

— реклама —

„Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат. За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат“, изјави градоначалникот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys2ota2db27739nWMHFP

Ѓорѓиевски: Почна поделбата на бесплатни униформи за сите ученици од прва година

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Облачно со повремени врнежи од дожд, локално ќе наврнат над 25 литри на квадратен метар

Скопје | пред 4 дена

media-librarykihm0ffcg7ks161AHl4

По децении чекање, почна реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба, најави Ѓорѓиевски

Скопје | пред 6 дена

media-libraryjmcfj28ferrj6CL7jhx

Околу 30.000 граѓани го чистеа Скопје, Ѓорѓиевски најави акции двапати месечно

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања