„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Слаб одзив на протестот во Ѓорче „против бетонизација“ и веќе чуени пораки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
dji_fly_20240308_174717_0_1709916437191_video_low_quality.00_00_13_19.Still001

Слаб одзив и чуени пораки на протестот кој беше насловен како „против бетонизација“ во Ѓорче Петров. Собирот требаше да биде на кружниот тек кај црквата, но се одржа во црковниот двор. Меѓу присутните и политички активисти кои во локалната самоуправа се опозиција, кои сметаат дека ДУП-от треба да се укине, но таквиот обид им пропадна. Обвинуваат дека ќе се градат многу згради и ќе се доселат нови жители. На собирот имаше стотина присутни, од над 30 илјади жители кои живеат на територија на општината. Истите пораки од протестот, ги кажуваа и советниците на СДСМ за време на седниците во Општина Ѓорче Петров.

— реклама —

„Градоначалникот Стојкоски го бетонизира Ѓорче. Донесе ДУП со кој ќе се изградат повеќе од 30 згради на 20 ката и 4.000 нови станови во кои ќе се доселат 12.000 жители“, посочија организаторите кои се претставуваат како граѓански активсти.

— реклама —

Градоначалникот Стојкоски веќе посочи дека протестот не е граѓански туку партиски. Објави и снимка од советник на СДСМ како го носи пултот „Не за бетонизација на Ѓорче“, кој го содржи истото лого, како и истиот слоган.

„На лагата и се кратки нозете. Обично, лично не реагирам на неосновани напади кои имаат една цел - ефтини политички поени, но овојпат мора да искоментирам. Ова е она кога имаш проблем со идентитетот. Или пократко кажано: дал сум советник, дал сум граѓански активист. Непартиски. Ама едно е сигурно: ако има уште некој на кој не му е јасно, еве кој е против тоа Ѓорче да биде модерно и урбано. И уште посигурно, срамно е да глумите „граѓански активисти“ кои повикуваат на протест, а "граѓаните" всушност се партиски активисти на СДСМ.

Да не беше смешно, ќе беше трагично. Ама сигурно е трагикомично. ПС: Ова пултов малку ви се распаѓа, како и вашите обиди Ѓорче да го направите пустелија“, напиша Стојкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања