Иако имаше најава, Македонија пат повторно ја изненади снегот, па така на повеќе патни правци сообраќајот се одвива отежнато.
Камион се излизга на патот Битола-Ресен, кај Ѓавато. Ова доаѓа по снежните наноси кои паѓаат од утрово, но и лизгавите патишта. Снежните врнежи, како и натрупаниот снег дополнително ја отежнуваат ситуацијата, при што патот е под целосна блокада и создадена километарска колона на автомобили од двата патни правци.
/img-b52d2e539b446e5df75f6fbd244d8691-v" rel="attachment wp-att-162399">
/img-51110c3921586bc4a77d4ad858b4cb84-v" rel="attachment wp-att-162400">
Но, освен на патот Битола-Ресен, неисчистен снег има и на Стража и Плетвар. Возачите револтирани на социјалните мрежи објавуваат фотографии и видеа и апелираат до останатите да возат внимателно.
/img-717d3c0bdec38c99116341386dc4c15e-v" rel="attachment wp-att-162401">
„Од 15:20 часот, сообраќајот на патниот правец Битола-Ресен е во прекин поради сообраќајна незгода во близина на Кажани.
ЗАБРАНИ ЗА ДВИЖЕЊЕ ЗА ТМВ:
Од 15:55 часот се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Ресен - Битола преку планинскиот превој Ѓавато.
Од 15:30 часот се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка - г.п. Деве Баир поради обилни врнежи од снег.
Од 06:20 часот на потегот Маврово - Дебар и обратно, поради обилни врнежи на снег, воведена е забрана за движење на ТМВ.
Од 7:45 часот се воведува забрана за сообраќај на ТМВ на патниот правец Струга - Ќафасан.
Од 08.30 воведена е забрана за тешки моторни возила и на патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража.
Од 10:00 часот на потегот Охрид - Пресека - Кичево и обратно, поради обилни врнежи на снег, воведена е забрана за движење на ТМВ.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со кашест снег. Во поголемиот дел од државата врне снег, а во одредени региони и дожд“; информираат од АМСМ