Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

(Видео) Снимен моментот кога трамвај излета во Сараево: загина 23 годишно момче, четири повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryabggc52skr31dZG3uRH

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу пладне во населбата Марин Двор во Сараево, кога трамвај на јавното сообраќајно претпријатие ГРАС излета од шините, удри во трамвајска станица и заврши на главната сообраќајница.

— реклама —

Во несреќата животот го загубил 23-годишен млад човек, додека четири лица се повредени. Една девојка е хоспитализирана во Општа болница „Прим. др. Абдулах Накаш“, каде поради сериозноста на повредите ѝ била ампутирана нога. Според информациите од медицинските служби, во тек се интензивни реанимациски мерки и терапија.

Од Итната медицинска помош претходно соопштија дека во инцидентот се повредени вкупно четири лица, а дел од нив се задржани на понатамошно лекување.

— реклама —

Увидот на местото на несреќата сè уште трае и ќе продолжи и утре, кога се очекуваат дополнителни информации за причините што довеле до излетувањето на трамвајот од шините и за евентуална одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9pio81uhqi8m7QJUO5a

Трамвај удри во автомобил: Возачот бил под дејство на дрога и без важечка возачка дозвола

Свет | пред 2 седмици

media-libraryjki2bd9oaboo9qa1YYk

Возачот на сараевскиот трамвај по несреќата: Жал ми е за децата, во тешка состојба сум

Свет | пред 2 седмици

media-librarydrtel043orci7T9dSp4

Тинејџерка се бори за живот по страотната несреќа на трамвајот во Сараево

Свет | пред 2 седмици

media-librarydrtel043orci7T9dSp4

(Фото) „Ела издржи“: Осамна транспарент за поддршка на девојчето на кое му беше ампутирана ногата по несреќата во Сараево

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања