Промени тема
Контакт

(Видео) Снимка од Аеродром: Деца наводно кршеле инвентар на игралиште зад „Три Бисери“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-libraryhrebhejkvu9oeZDCbB1

Деца биле затекнати на игралиштето „Патрик“ зад ТЦ „Три Бисери“ во скопската населба Аеродром, каде според очевидецот кој ги снимил, претходно го оштетувале инвентарот.

Снимката ја направил јутуберот Никола Поповиќ, кој тврди дека реагирал откако слушнал силни удари и лупање во близина на игралиштето. На видеото се гледа како тој разговара со неколку деца и ги прашува дали го оштетувале инвентарот.

„Сега ќе дојдат од полиција“, им вели Поповиќ на децата, додека едно од нив одговара: „Јас не кршев“.

— реклама —

Според снимката, тој побарал и контакт од родител на едно од децата. Подоцна на социјалните мрежи објавил дека на местото пристигнала полиција.

Според неговите тврдења, полициските службеници ги легитимирале децата, како и родителот кој дошол на локацијата откако бил повикан од едно од нив.

— реклама —

Од видеото не може независно да се потврди дали навистина било извршено оштетување на инвентарот, ниту кој евентуално го сторил тоа. Според изгледот на лицата на снимката, станува збор за малолетници.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library256jl4duf8j27JItQRP

Вандализирани 45 столбови за зимска маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв, штетата е најмалку 8.000 евра

Македонија | пред 3 дена

media-librarytltk8vkr8lfp8EL652W

(Фото) Вандализам во струшко: Искршени надгробни споменици на гробиштата во Боровец

Македонија | пред 3 седмици

media-library8lg19o79131j0QLBi6S

(Видео) Вандали го оштетија КУД „Српски вез“, Стоилковиќ: Сквернавењето со натписите „УЧК“ најстрого да се санкционира

Македонија | пред 4 седмици

policija-policaec-35

Нов ден, нов вандализам: Малолетници снимени како ги уништуваат спортските игралишта во училиште во Виница

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања