Надзорна камера ја снимила несреќата на автопатот Тетово-Скопје каде загинаа три лица, а од која се гледа како автомобилот, со нагло свртување на лево, влегувајќи во спротивна насока на движење, се судира со автобус.
Најпрво, автомобилот се движи споро на првата сообраќајна летна. По десетина метри, свртува лево, а во втората летна веќе се движи цистерна. За среќа, цистерната избегнува сообраќајна несреќа, но веќе во последната летна, има автобус, кој иако се обидува со свртување, не успева да спречи директен судир. Автомобилот кој движи зад автобусот, свртува и избегнува да удри во автомобилот „опел“.
Неофицијалните информации и сомнежите се дека возачот имал здравствени проблеми, во моментот кога свртува на лево. Издадена е наредба за обдукција. Се проверува и исправноста на возилото „опел“, а повикан е и сообраќаен вештак за да се испитаат сите околности.
За возачот на автобусот е наложено испитување за евентуално присуство на алкохол или психоактивни супстанции. Во несреќата, тешко повредено е дете, кое е во болница.
Претходно:
Дете е повредено во сообраќајката со тројца загинати на автопатот Тетово-Скопје, се проверува дали возачот на автобусот бил пијан
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на местото каде што попладнево се случила тешка сообраќајна несреќа на автопатот кон Скопје, при што загинаа три лица, а едно дете е повредено.Според првичните сознанија, до несреќата дошло при контакт меѓу патничко возило и автобус, по што автомобилот излетал од патот. Во него се наоѓале тројцата загинати и повреденото дете.Обвинителството соопшти дека се преземаат сите дејствија за утврдување на причините и околностите кои довеле до трагедијата. Издадена е наредба за обдукција на починатите, а за возачот на автобусот е наложено испитување за евентуално присуство на алкохол или психоактивни супстанции.Возилата се одземени за технички преглед со цел да се провери нивната исправност во моментот на несреќата. На местото на настанот бил повикан и сообраќаен вештак, а ќе биде изготвено и целосно сообраќајно-техничко вештачење врз основа на собраните траги, фотодокументација и останати докази.
Македонија | пред 5 месеци