Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Со дрон нападната зградата во која живее Нетанјаху

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Screenshot-2024-10-19-190717

Беспилотно летало лансирано од Либан се урнало во зграда во израелскиот град Цезареја, каде живее премиерот Бенјамин Нетанјаху, соопшти во саботата израелската војска.

— реклама —

— реклама —

Според извештаите на израелските медиуми, не е познато дали Нетанјаху во моментот на нападот бил во крајбрежното одморалиште лоцирано меѓу Тел Авив и Хаифа. Во инцидентот нема повредени, соопшти армијата. Два беспилотни летечки објекти се запрени.

Во Тел Авив, 55 километри јужно, имало и воздушно предупредување, бидејќи дронот наводно се приближил до областа Глилот, каде се наоѓа седиштето на израелската разузнавачка служба Мосад и друг разузнавачки центар. Сирените се огласија и на голем број други места во северен Израел, вклучувајќи го и градот Тиберија.

— реклама —

— реклама —

Либанската шиитска милиција Хезболах, која е во сојуз со Хамас во Појасот Газа, од почетокот на војната во Газа речиси секојдневно истрелува ракети и беспилотни летала врз Израел. По веста за смртта на лидерот на Хамас Јахја Синвар во Газа, милицијата поддржана од Иран најави „нова фаза на ескалација“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryj0j81cq8c6j82hXjPxN

Израелската војска изврши нов напад во Појасот Газа, семејства ги напуштаат засолништата

Свет | пред 2 дена

— реклама —
11-izrael

Израел користи технологија на „Амазон“ за масовен надзор врз Палестинците во Газа

Свет | пред 5 дена

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп ја прекинува воената помош за Израел: „Доволно се богати сами да си купуваат оружје“

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања