Со богата шветска маса и алкохол во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, вработените го испратија довчерашниот министер Љупчо Николоски и го пречекаа новиот – Трајан Димковски.
-Од сè срце им благодарам на сите што дојдоа денеска во МЗШВ симболично да ги одбележиме бројните успеси кои ги постигнавме заедно во овие две години. Министерството го прават луѓето, мојот тим со кој секојдневно и неуморно работевме за да овозможиме подобри услови за нашите земјоделци. Ви благодарам за посветеноста и ви посакувам уште поголеми успеси во иднина, на чело со новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, напиша на социјалната мрежа „Фејсбук“ Николоски.
Коментарите по социјлните мрежи се: додека досегашниот и новиот министер си прават коктели, македонските земјоделци солзи ронат поради сите проблеми со кои се соочуваат.
Земјоделците од Овче Поле, Тиквешкиот, Струмичкиот и другите земјоделски региони низ државата се оставени сами да се снаоѓаат со проблемите- со водата за наводнување, со фрлањето на произведеното на буниште…