Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Видео) Со многу полиција: Урнат хангар во Ѓорче Петров, го градеа на државно земјиште без дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
DJI_20240319063812_0003_D.00_00_47_09.Still001

Хангарот кој се градеше близу скопската обиколница во насока кон Тетово, на државно земјиште - утрово беше целосно урнат од Општина Ѓорче Петров. Ова доаѓа по неколку предупредувања и барања да се отстрани објектот кој е нелегално поставен, кои инвеститорот ги игнорирал. Општината избра фирма на тендер и денеска го спроведе уривањето. На местото имаше големо присуство на униформирани полицајци, кои беа распоредени околу местото.

— реклама —
— реклама —

Објектот е целосно нелегален, а станува збор за метална конструкција која е затворена со лимови. Истовремено, изградена била и друга тврда градба од бетон. Со багери – сѐ беше срамнето до темел. Лимените конструкции кои беа вадени, веднаш со камиони беа транспортирани во отпад. Кај објектот не се појави сопственикот, ниту инвеститорот.

— реклама —

— реклама —

Нелегалниот објект се протегаше на две парцели кои се државно земјиште, на површина од околу 10 илјади метри квадратни. Извршувањето на уривањето се одлагаше бидејќи предметот беше ревидиран и од Државниот инспекторат за градежништво, со кој раководи Фатмир Арифи, кадар на ДУИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања