Полицијата во Австралија трага по маж кој се обидел да украде хеликоптер користејќи го својот трактор. Тој во бегството остана без трактор, па неговите следни „акции“ ќе бидат тешки.
Еден Австралиец се разбудил едно утро и посакал да има хеликоптер, но немал пари да купи. Наместо тоа, го имал својот стар добар трактор со кој возел до најблискиот хангар каде што биле хеликоптерите, па се обидел да украде еден за себе, пишуваат австралиските медиуми.
- Кога алармот се вклучил, човекот се откажал од планот и почнал да бега - соопшти полицијата.
Неколку минути го возел тракторот, во таа прилика оштетил неколку огради, а кога веќе не можел да помине излегол од машината и побегнал.
-Полицијата трага по осомничениот и бара секој што има некаква информација за него да се обрати до надлежните служби – пишува во соопштението.