Промени тема
Контакт

(Видео) Со три гребалки и 30 камиони интензивно се работи на улицата „Перо Наков“, вели Ѓорѓиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
media-librarybi0odh8prsb2eFEdEfP

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вчеравечер објави фотографии и видеа од работните активности на улицата „Перо Наков“ во Гази Баба.

„Се работи и навечер, за наше Скопје!

Додека градот мирува, машините не запираат.

Вечерва интензивно се работи на улицата „Перо Наков“ во општина Гази Баба - за првпат од постоењето на градот со три гребалки истовремено на терен, придружени од повеќе од 30 камиони и неколку багери.

Ова е јасна порака дека кога се работи за Скопје, нема пауза и нема одлагање.

По речиси три децении запоставеност, значајната сообраќајна артерија „Перо Наков“, на потегот од булеварот „Киро Глигоров“ до улицата „Вера Радосавлевиќ“, конечно добива третман каков што заслужува.

Делница што секојдневно ја користат илјадници жители, а со години беше во катастрофална состојба и претставуваше сериозен предизвик за безбедно и нормално одвивање на сообраќајот.

— реклама —

Тоа време завршува.

За Гази Баба започнува нова ера на уредна општина, безбедност и достоинствено секојдневие.

Реконструкцијата е темелна и сеопфатна и опфаќа изградба на нови тротоари од двете страни на улицата, доизградба на атмосферската канализација, целосна замена на асфалтните слоеви на површина од 11.050 метри квадратни, поставување современо улично осветлување и подземно поставување на операторските мрежи.

— реклама —

Дополнително, просторот се оплеменува со џебови за паркирање и уредени позиции за контејнери.

Со овие зафати, целосно се менува ликот на овој дел од населбата и се создава современ, функционален и безбеден урбан простор, по мерка на граѓаните.

Продолжуваме со силно темпо и со целосна посветеност, затоа што секој реализиран проект е чекор поблиску до подобар, поуреден и посовремен град.

Скопјани заслужуваат улици по кои се движат со сигурност, со гордост и со чувство дека градот навистина се грижи за нив.

— реклама —

Најдоброто, доаѓа“, вели Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjq2pfbfuqspkdhnfBul

(Фото) Фатен на дело како создава дива депонија во Кисела Вода, инспекторите веднаш го санкционираа

Скопје | пред 13 часа

— реклама —
media-librarytb3ud508667bd3vRR0V

(Видео) Скопје станува европска танцова сцена: Над 2.900 танчери доаѓаат на големото IDO првенство

Скопје | пред 1 ден

media-library8nskkij5hd7c3DI8caq

(Видео) Дете падна од коњ среде улица во Скопје, коњот помина преку него

Скопје | пред 3 дена

media-library8uu8aappubjg0WiecUr

(Видео) „Скопје мириса на шампон“: Комуналците го мијат градот за продолжениот викенд

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања