Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ВИДЕО: Со „УЧК, УЧК“ се бара слобода за осудените убијци на петте лица кај Смилковско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Screenshot_25

Со гласно скандирање „УЧК, УЧК“ и развиено огромно албанско знаме, се бара слобода за осудените убијци на петте лица, меѓу кои четири деца, на Смилковското Езеро. Демонстрантите се упатуваат кон Владата. Постојано ги прати полиција, а пред објектот на владата има стотина полициски службеници, возила, други екипи на МВР. Голем дел од демонстрантите се со развиени албански знамиња.

— реклама —

На претходниот протест пред неколку недели, демонстрантите се судрија со полицијата кај Бит Пазар при што беа повредени 11-мина полицајаци – нападната беше и новинарска екипа.

— реклама —

Заради немирите, десетина лица беа обвинети за учество во толпа бидејќи според обвинителството, се обиделе да го пробијат полицискиот кордон фрлајќи камења, метални шипки и други предмети. За делото на казна затвор од осум месеци до една година беа осудени четири лица. За останите се уште трае судската постапка.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања