Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

(Видео) Шпанскиот премиер за потегот на фудбалската ѕвезда: „Израел спроведува геноцид“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-librarymqoh3dm430uo851tgsN
screenshot x

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека Израел спроведува геноцид врз Палестинците, коментирајќи ја поддршката за Палестина што ја покажа фудбалерот Ламине Јамал за време на прославата на титулата на ФК Барселона.

Санчез на прес-конференција во Мадрид беше запрашан за потегот на 18-годишниот шпански репрезентативец, кој за време на прославата на шампионската титула носеше палестинско знаме.

— реклама —

„Шпанија ја призна државата Палестина. Од самиот почеток го осуди нападот на Хамас, но и геноцидот што го спроведуваат израелските власти во Појасот Газа“, изјави Санчез.

— реклама —
— реклама —

Тој додаде дека Израел не го почитува меѓународното право, ја спречува можноста за решение со две држави и ја блокира хуманитарната помош за Газа.

Фудбалерите на Барселона титулата ја прославиле пред околу 750.000 навивачи, возејќи се низ градот со автобус со отворен покрив, а Јамал во рацете држел палестинско знаме.

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изјави дека разговарал со Јамал за потегот, но нагласи дека тоа е негова лична одлука.

Поддршка за Палестина во Шпанија претходно изразија и бројни јавни личности, меѓу кои режисерот Педро Алмодовар и актерката Пенелопе Круз.

Најголемата опозициска партија во Шпанија, Partido Popular, го критикуваше потегот на Јамал, оценувајќи дека политиката не треба да се меша со спортот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања