Промени тема
Контакт

(Видео) Спектакуларно деби на Бобан Илиоски во „Глори 110“, три нокдауни за само 69 секунди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-librarybgedujf762ol4a5xlZL

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски на спектакуларен начин го започна настапот во престижната светска организација „Глори“, откако на настанот „Глори 110“ во Антверпен, Белгија, го нокаутираше Мароканецот Ајмане Латифи уште во првата рунда.

— реклама —

Илиоски настапи во средна категорија и го совлада фаворизираниот противник, кој пред борбата имаше професионален биланс од 21 победа и четири порази.

— реклама —

Македонскиот борец од самиот почеток наметна силно темпо и со прецизни удари трипати го испрати Латифи на подот. По третиот нокдаун, судијата ја прекина борбата, а Илиоски беше прогласен за победник со технички нокаут по само една минута и девет секунди во првата рунда.

— реклама —

Со убедливиот триумф, Илиоски остави одличен впечаток на своето деби во една од најреномираните светски кикбокс-организации и покажа дека може рамноправно да се носи со силни противници на меѓународната сцена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh1758h06lp06azvrv9R

Крај на една ера: Бобан Илиоски со обновена повреда стави точка на кариерата

Магазин | пред 10 месеци

— реклама —
IMG_2989

Каменувана куќата на македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски: три лица во болница

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања