Промени тема
Контакт

(Видео) Спроведена четвртата фаза од дезинсекцијата против комарци во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryd7213irh4hc0fg29aLd

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во текот на ноќта е реализирана четвртата фаза од дезинсекцијата против комарци на територијата на главниот град.

Акцијата се спроведувала во доцните вечерни часови и траела до рано наутро, при што третирањето било извршено од земја на повеќе локации низ Скопје.

— реклама —

Според Ѓорѓиевски, станува збор за редовна превентивна мерка насочена кон заштита на јавното здравје, намалување на ризикот од ширење заразни болести и обезбедување поквалитетни услови за живот на граѓаните во летниот период.

— реклама —

Дезинсекцијата е реализирана согласно програмата на Град Скопје, законските обврски и препораките содржани во елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје.

Од Градот посочуваат дека навременото третирање е особено важно за спречување на масовна појава на комарци во текот на летната сезона.

— реклама —

Ѓорѓиевски најави дека активностите ќе продолжат и во наредниот период, при што се планирани уште две фази од дезинсекцијата со цел целосна заштита на територијата на Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryatthslbbe2qid9UTCXV

Утре терестрична дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
369514-vo-sreda-kje-se-prska-protiv-komarci-129781

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје викендов

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryd7213irh4hc0fg29aLd

Скопје од вечерва започнува со прскање против комарци

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryd7213irh4hc0fg29aLd

На 9 септември ќе се прска против ларви од комарци во Скопје

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања