Заменик-директорката на Зоолошката градина во Скопје, Тина Мицковска, објави видео кое го видела на „Тикток“, а за кое пишува дека треба да влезе во категоријата „Простак на годината“. Таа е разочарана од односнот на посетителот на ЗОО-Скопје и посочува де е пример за тоа како не треба да се однесува возрасен човек.
„Уште еден што сака да влезе во категоријата простак на годината, а богами ова е веќе и зоофилија😢. Ваквите снимки треба да не едуцираат како не треба да се однесува еден возрасен човек... Ваквите однесувања може да ги сопреме само ако јавно вака ги направиме „славни"“, пишува Мицковска.