Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Стоилковски го проширува „Профитер“ за Шилегов, тврди дека потпишал договор по нереална цена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Naum-Stoilkovski30092021

„Додека Петре Шилегов молчи за тендерот за булевар „Никола Карев“, тендер од 3 милиони евра, тоа е оној тендер за Пластичарска, ПРОФИТЕР, продолжува со тендерот од август 2020 година за улицата „Есенинова“ во Кисела Вода, потписник Петре Шилегов. Предвидена сума 72.165.354. Склучен договор 72.085.805 денари. Повторно иста шема, речиси иста сума како и предвидената“, тврди Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Уште посимптоматично, извештајот од електронската аукција, документот кадешто стои натпреварот поеѓу фирмите со цени, го нема закачено на системот за јавни набавки, а тоа е задолжително. Но, самите суми покажуваат дека се работи за ден во којшто воопшто како да немало натпревар по цени, односно е добиен само со клик. Наместена утакмица, милион и 200.000 евра, Петре Шилегов е најбогат градоначалник во регионот, за 4 години речиси пола милион евра повеќе. Шилегов потпишал договор за „Есенонова“ по нереална цена без намалување. Еве зошто е овој тендер дел од аферата ПРОФИТЕР. Истата фирма којашто го добива овој тендер една година претходно, во март 2019 година добива тендер за булевар „АСНОМ“. При нормална аукција, со 4 фирми, дури 44 пати е спуштана цената, 44 пати имало понуда за поевтин договор. Истата фирма којашто го добива овој тендер за „Есенинова“ првичната понуда за булеварот „АСНОМ“ ја намалува за речиси 45% речиси половина и тендерот не бил залак за ПРОФИТЕРОТ“, додава Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Притисокот на аукцијата, борбата за земање на работа го прави тоа, ја намалува цената до некоја нормална економска исплатливост и заработка, но за градежната фирма не и за профитерот. Но кога ПРОФИТЕР се вклучува, нема натпревар, однапред се знае за кого е тендерот и се плаќа минимална разлика помеѓу она кое е предвидена сума во тендерот за Град Скопје и она кое е склучен договор со градежната компанија. Еве ги разликите помеѓу двата договори за една година разлика за тендерот за Есенинова од Профитер и тендерот за булевар АСНОМ кој не е дел од Профитер. Тампонирање од 700 на 1400 денари метар, асфалтирање од 66 на 90 денари метар, машинско копање од 100 денари станува 285 денари по кубик. Дури и ивичњаците за тротоари од 434 денари стануваат 817 денари. Некаде дупло некаде тродупло, цените на договорена аукција не паѓаат. А цените не паѓаат на наместени тендери и тоа е ПРОФИТЕР“, смета Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Почитувани, Петре Шилегов бега од одговори за аферата ПРОФИТЕР, местени тендери за градежните фирми од град Скопје.

GlVkcU7_hUw

Петре Шилегов бега од одговор која фирма му ја гради дивоградбата, семејната зграда? Петре Шилегов бега од одговор зошто нема интерес кај градежните фирми за милионски тендери во услови на рецесија? Петре Шилегов бега од одговор како стана побогат за пола милион евра во четири години градоначалнички мандат? Одговорите за ПРОФИТЕР ќе ги добие Јавното Обвинителство кадешто ќе бидат поднесени соодветни пријави. Нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов!“, посочи Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања