Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Стојкоски: Гарантираме Ѓорче без кал, канализација за Орман и Никиштани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Aleksandar29092021

Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, сподели дел од проектите во неговата програма. Тој посочи дека таа е една од најдеталните и најобемните која била понудена досега на жителите. Но, за него најважно е што таа е производ на процес од неколку места каде изминативе месеци тој бил да ги посети.

— реклама —

Неговата презентација на дел од проектите во проодлжение:

„Оваа програма е производ на директни разговори со граѓаните на Ѓорче, во оваа програма се вклучени врвни професионалци кои се дел од мојот тим. Се што произлезе како понуден проект во оваа програма е реален и остварлив, а целта ми е да го направиме Ѓорче Петров, модерна и урбана општина, онаква каква што ѓорчепетровци ја сакаат и заслужуваат.

— реклама —

Во програмата се најдоа над 200 проекти кои се предложени од граѓаните и од врвни експерти во областите. Исто така во програмата се потенцирани 17 носечки проекти кои се обврзувам дека ќе бидат приоритет во мојот четиригодишен мандат.

За жал и во 21-от век морам да кажам дека еден од приоритетите ќе биде проектот “Ѓорче без кал” кој опфаќа асфалтирање на сите досега не асфалтирани улици и реконструкција на веќе постоечки улици кои се дотраени во текот на времето. Ова е носечки проект затоа што убедливо најголем број од граѓаните ги потенцираа, особено во руралниот дел на општината, но и во урбаниот дела на Ѓорче Петров, калливите и неасфалтирани улици кои особено во есен и зима не само што им го прават секојдневниот живот на ѓорчепетровци потежок, туку им го прават живеењето недостоинствено. Тоа е нешто што мора да се промени и тоа ќе се случи токму преку овој проект што ќе преставуваа значајна победа за овие луѓе, победа која ќе донесе нов квалитет на нивниот живот.

Исто така она што е од големо значење за секојдневниот живот на граѓаните на Волково, Кисела Јабука, Стопански Двор, иако е проблем од 19-ти век, е доизградба на канализациона мрежа, како и изведба на канализациона мрежа во Орман и Никиштани. Граѓаните на овие населени места преку нивната поддршка која ќе ми ја дадат на овие избори, но и преку нивното учество во изработката на програмата ќе бидат дел од промените, проектите и победата за нивните заедници, затоа што мора еднаш за секогаш да се стави крај на ова прашање.

Мора да напоменам дека и жителите на Кучково кои се неколку месеци без вода ќе бидат приоритет во мојата програма. Иако постојано се апелираше до локалната власт, особено во летните месеци кога проблемот беше најакутен, истата немаше слух за ова прашање. Затоа јас лично се обврзувам дека ги слушнав моите сограѓани и проблемот со вода во Кучково оди во минатото онаму каде и што припаѓа, затоа што кучковци како и сите ѓорчепетровци заслужуваат промени преку проекти кои ним им се битни за подобар и подостоинствен живот. Победата за кучковци ќе биде во тоа што ќе добијат нормални услови за живот.

Исто така заедно со градот Скопје имаме опфатено и поголеми проекти кои предвидуваат изградба на кружен тек на улиците Ѓорче Петров и Македонска војска, а исто така и проширување на ул. Македонска војска од кружниот тек кај цркавата Св. Петар и Павле до надвозникот во населбата Даме Груев. Планираме и реконструкција на улицата Волковска се до последна 22ка, продолжување на улицата Лука Геров се до Стопански Двор. Важен дел од приоритетните проекти се и проектите кои се однесуваат на животната средина. Се обврзуваме на изградба на парк во секое маало, уредување на речното корито на реката Лепенец во соработка со градот Скопје и решавање на горливиот проблем со дивата Депонија во Ново Село. Заедно со Вас ќе подигнеме уште најмалку 20.000 м2 нови паркови површини и ќе го направиме најубавиот парк во Градот Скопје. Во програмата имаме и проект „Ѓорче без отпад“ кој предвидува расчистување на сите депонии и подигнување на нови зелени површини.

Со овие проекти, општината ќе добие сосема нов лик и ќе прерасне во модерна и урбана општина во која сите граѓани ќе бидат задоволни. Предвидовме и многу проекти за спорт и млади. Младите се нашето најголемо богатство и мора да се грижиме за нив. Јас лично ви ветувам дека ќе работам многу за младите, да останат во нашата општина. Сакаме да изградиме силни личности, компетентни, професионални, способни самите да се носат со предизвиците во животот. За таа цел се предвидува финансирање на спортски клубови кои се на територија на нашата општина, со ставање на посебен акцент на млади и талентирани спортисти. Гарантирам дека ќе се обноват сите детски игралишта, а воедно можам и да Ви ветам дека ќе се изградат и многу нови. Се обврзуваме и за многу проекти во делот на социјалата политика.

yUPRNtMYQXE

За таа цел се предвидува изградба на најмалку две нови градинки од кои едната во урбаната заедница Ѓорче Петров, а другата на потегот Ново Село – Стопански Двор, како и доградба и проширување на сместувачките капацитети на постоечките градинки. Ова е само дел од проектите кои се предвидени во делот на социјалата политика. Она што е важно да се напомене е тоа дека се предвидени и многу преокти во економијата. Се предвидува целосна функционалност на индустриската зона, преку изградба на потребната инфраструктура, се со цел да привлечеме нови и активни инвеститори. За подетално да се запознате со сите проекти, програмата ќе ви биде достапна на секој еден од Вас. Јас лично или некој од мојот тим ќе ја достави во вашиот дом за да може да бидат запознаени сите со моите проекти Исто така Ве повикувам да ме следите секој ден, бидејќи и во наредниот период ќе продолжам континуирано да работам на терен и да ги посетувам граѓаните на Ѓорче Петров и да им презентирам проектите кои се опфатени во мојата програма. Четири години ќе работам за народот. Се обврзувам на реализација на сите проекти ветени во мојата изборна програма. Имам слух и сум отворен за соработка. Во секој момент може да ми предложите преокти кои се од големо значење за животот во општината. Не чека напорна работа исполнета со многу проекти за подобро Ѓорче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања