Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Стојкоски ја презеде градоначалничката функција: Вработените ќе бидат во служба на граѓаните, кои ќе се задоволни од услугата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
IMG_7521

Со добивањето на уверението од страна на Општинската изборна комисија, новиот градоначалник Александар Стојкоски го презеде и кабинетот. Претходно, уверенијата ги добија и избраните советниците. Градоначалникот Стојкоски, посочи дека со неговиот влез во Општината, сите жители гарантирано ќе гледаат само развој, модернизација и најважно, решавање на нивните проблем.

— реклама —

„Вработените во Општината, од денеска се во служба на сите нас, жителите на Ѓорче. Сакам задоволни вработени, но и задоволни ѓорчепетровци. И така ќе биде. Направивме примопредавање, јас влегов тука затоа што вие ни ја дадовте поддршката. Кабинетот не е место кое треба да се користи за криење од граѓаните, туку за средби. На терен сум уште денес, како беше и сите изминати години, кога ги слушав вашите проблеми и начини за нивно решавање“, рече Стојкоски.

— реклама —

Тој при подигнувањето на уверението од Општинската изборна комисија, потенцираше дека ќе биде човек кој како градоначалник ќе е секогаш отворен и тука за граѓаните.

— реклама —

„Градоначалник е само функција, а јас ќе бидам човек кој како градоначалник ќе биде секогаш тука за вас. Тоа ви го ветив во кампања, тоа го повторувам и со добивањето на уверението од Државната изборна комисија. Од денеска, Ѓорче Петров го има и новиот Совет на општината, кој ќе треба и мора да работи само во нејзина корист и никако поинаку. Одиме понатаму, Ѓорче ќе биде модерно, урбано, хумано!“, вели новиот градоначалник Александар Стојкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања