Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Стојкоски: Населбата Даме Груев ќе добие пешачка зона наместо небезбедна улица без осветлување и тротоари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
263

Километарска пешачка зона ќе биде направена на улицата „Шар планина“ во населбата Даме Груев, која сега е неосветлена и небезбедна, поради тоа што нема ниту тротоари, ниту осветлување. Реализација на овој проект ветува Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров. Смета дека ова место ќе биде одлично за спорт и рекреација за сите жители на населбата, но и општината.

— реклама —

„Оваа улица покрај за сообраќај, локалното население често ја користи за слободните активности во попладневните часови. Овдека тие шетаат со своето семејство, со своите пријатели, дел од нив ги шетаат тука и своите домашни миленичиња. Но оваа улица во вечерните часови е многу небезбедна, бидејќи е неосветлена и на нејзе нема тротоари од двете страни. Во мојата изборна програма предвидувам изградба на пешачка зона, пропратена со бројни зони за спорт и рекреација, како и места на кои што граѓаните ќе можат да седнат и да поразговараат“, вели Стојкоски.

— реклама —

Повеќе инфраструктурни проекти се дел од програмата на Стојкоски, кој вети и отворање на нови сообраќајни артерии за да нема гужва низ Ѓорче Петров и околните населби. Тој секојдневно преку објави информира дека е со граѓаните на терен, што како пракса, ќе го воведе и кога би ја презел функцијата градоначалник. Според него, програмата стигнала до сечиј дом, а за тековните активности информира и на социјалните мрежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања