Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Стотици змии, меѓу нив и отровни кобри, ги преплавија улиците по поплавите во Кина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarypr3si8acjq1fajufVNT
screenshot X

Стотици змии, меѓу кои и отровни видови, се појавија на улиците на кинескиот град Хенгџоу по обилните дождови и катастрофалните поплави предизвикани од тајфунот Мајсак, објавија кинеските државни медиуми.

Според досегашните информации, во поплавите загинале најмалку 39 лица. Меѓу жртвите е и жена за која постои сомневање дека починала откако била касната од кобра што избегала од една од поплавените фарми за змии. Регистрирани се и повеќе случаи на каснувања од змии.

— реклама —

На социјалните мрежи се појавија вознемирувачки снимки на кои се гледаат змии како пливаат низ поплавените улици, со главите над површината на водата.

— реклама —

По првичните проценки дека ризикот е мал, локалните власти почнаа да издаваат предупредувања до населението, ангажираа специјални тимови за фаќање змии, обезбедија дополнителни количини противотров и ги подготвија болниците за можни нови случаи.

Освен змии, поплавите довеле и до бегство на повеќе животни од приватна зоолошка градина, меѓу кои зебри, ноеви, емуа, магариња, минијатурни коњи, ракуни и грбав вол. Сопствениците предупредија дека исплашените животни можат да бидат опасни.

Во поплавите се удавиле и три лава, а водената стихија однела повеќе од 16.000 свињи, кои спасувачките екипи ги извлекувале со тешка механизација.

— реклама —

Хенгџоу, во автономниот регион Гуангси, е познат како еден од најголемите центри за одгледување змии во Кина. Во регионот живеат повеќе од 100 видови змии, а до 2020 година таму имало речиси 20 милиони одгледувани змии на повеќе од 14.000 фарми, најчесто за потребите на фармацевтската и биомедицинската индустрија.

Според локалните служби, само во изминатите два дена биле фатени меѓу 2.000 и 3.000 змии, од кои најголемиот дел биле неотровни. Властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат движење во текот на ноќта, како и престој во висока трева и во близина на водени површини, каде што змиите најчесто се засолнуваат по поплавите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7nhaeo7c3nfeJcyUBe

(Видео) Пловечки мост во Кина долг 500 метри се наоѓа на само неколку сантиметри над водата

Вирално | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

Кина ја засилува употребата на арктичкиот коридор: Испораките до Европа се скратуваат до 25 дена

Свет | пред 1 ден

media-library4r1bae2krivj7ZG8yTf

(Видео) Катастрофален земјотрес во Кина: Најмалку 16 загинати, стотици куќи урнати

Свет | пред 4 дена

media-libraryaei88dofkepc9yZMMs6

(Видео) Тригодишно девојче во Кина висело од прозорец на 12. кат со главата заглавена во решетките – соседите го спасиле во последен момент

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања