Во предбожикната миса попладнево во Ватикан, папата Франциско ги повика верниците на заедничка молитва за стотиците жртви во Индонезија. Папата од плоштадот Свети Петар во Рим им рече на насобраните верници дека неговите мисли и молитви се со Индонезијците погодени од насилна природна катастрофа.Тој рече дека духовно е покрај сите што останале бњез дом или страдаат на каков било начин.
Инаку спасувачките тимови во Индонезија секоја минута наоѓат безживотни тела. Бројот на загинати во вулканското цунами по од ерупција на вулканот Кракатау постојано се зголемува..Официјалната бројка засега е повеќе од 220, но се стравува дека ќе има многу повеќе, особено поради фактот што дури околу илјада лица се повредени, а многумина се водат за исчезнати. Делови од крјбрежјето на индонезиските острови Суматра и Јава, се целосно срамнети со земја, по што властите упатија апел и до локалното население, но и до големиот број туристи да бидат што подалеку од океанскиот брег.
„Во овој период од годинава има многу туристи. Задутре е Божик, но за жал се случи оваа природна катастрофа. Сега луѓето се исплашени, локалното население од страв не се враќа дома, хотелите се испразнети. Сите доброволно заминуваат во привремените центри за згрижување.“ - изјави Аулиа Ариани – Црвен крст на Индонезија.
На интернет се појави снимка од моментот кога голем бран погоди рок концерт на кој настапуваше бендот Севентин, на плажата Танјунг Лесунг.
Околу 200 вработени на државната електродистрибуција и нивните семејства се собрале на плажата да присуствуваат на забавата, кога огромното цунами го погоди местото.
https://twitter.com/EricssenWen/status/1076686593543462913?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1076686593543462913&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.novamakedonija.com.mk%2Fsvet%2F%25d1%2586%25d1%2583%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25bc%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25be-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b5%25d0%25b7%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25be%25d0%25b4%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25b5-%25d0%25b1%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b4-%25d0%25b8-%25d0%25bf%2F
Фронтменот на бендот објави на Инстаграм дека загинале менаџерот на бендот и басистот, додека по останатите тројца членови на бендот и неговата жена се трага.