Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Страшна трагедија во Кина: Најмалку 82 загинати во експлозија во рудник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarypehumstuskq96rRhpaw

Најмалку 82 лица загинаа во експлозија на гас во рудник за јаглен во градот Чангџи, во кинеската провинција Шанси, јави кинеската државна телевизија CCTV.

Локалните власти соопштија дека одговорните лица од компанијата „Тонџоу“, која управува со рудникот, се приведени.

— реклама —

Според последните информации, уште девет лица се водат како исчезнати, додека 201 рудар бил безбедно извлечен на површината до утринските часови по локално време.

— реклама —

Спасувачката акција сè уште трае, а екипите продолжуваат со интензивна потрага и работа на местото на несреќата.

Несреќата се случила во петокот во 21:43 часот по локално време во рудникот за јаглен „Лјушенју“ во округот Ќинјуан, каде во моментот на експлозијата под земја се наоѓале вкупно 247 работници.

— реклама —

Кинеската новинска агенција Синхуа пренесе дека кинескиот претседател Си Џинпинг наредил итна спасувачка акција и темелна истрага за причините за трагедијата.

Тој побарал да се вложат максимални напори за спасување на исчезнатите рудари, лекување на повредените и санирање на последиците од несреќата, како и утврдување на одговорност согласно законот.

Си Џинпинг нагласил дека властите низ цела Кина мора да извлечат поука од оваа несреќа и да ги засилат мерките за безбедност со цел да се спречат слични трагедии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4r1bae2krivj7ZG8yTf

(Видео) Катастрофален земјотрес во Кина: Најмалку 16 загинати, стотици куќи урнати

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryaei88dofkepc9yZMMs6

(Видео) Тригодишно девојче во Кина висело од прозорец на 12. кат со главата заглавена во решетките – соседите го спасиле во последен момент

Свет | пред 1 ден

gradinka-2

Со токсична боја ја разубавувале храната во градинка, отруени повеќе од 200 деца и вработени во Кина

Свет | пред 5 дена

media-libraryftfkrff081p06rB97W2

Кина: Нашиот план за траен мир го поддржуваат повеќе од 130 држави

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања