„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Струга без македонско знаме, Тетово со коњаници, Скопје со свирежи - како помина Денот на Албанското знаме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Настани
media-libraryv322vo8kaio20tyoU9V

Денот на Албанското знаме и годинава беше прославен со низа активности низ повеќе градови во Македонија. Во Скопје групи од возила парадираа низ централните улици со свирежи, отворени прозорци и развеани албански знамиња. Колоните се движеа низ неколку скопски општини.

— реклама —

Во Струга празникот беше одбележан со положување цвеќе од страна на општинското раководство, додека на кејот беа поставени големи албански знамиња. Граѓани реагираа дека меѓу нив немало ниту едно македонско знаме, иако Законот за употреба на знамената јасно пропишува дека државното знаме мора да биде присутно при секое јавно истакнување на знаме од заедница, со строго дефиниран распоред и примат на македонското.

Во Тетово, пак, сообраќајот беше делумно блокиран откако групи коњаници, на кои беа истакнати албански знамиња, се движеа низ градот во чест на празникот. Овие активности привлекоа големо внимание кај јавноста, но и критики поради нарушениот проток на возила и потенцијалните безбедносни ризици.

— реклама —

Денот на Албанското знаме традиционално се слави секоја година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања