Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Студентската картичка преку М-услуги ќе им овозможи на студентите 20% попуст на услугите во текот на целата година“, вели Коњановски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 36 минути -

Македонија
media-libraryjvtclm50vu5b8sAe1gI

Студентите ќе добијат посебна картичка со која ќе остваруваат 20 отсто попуст на услугите достапни преку апликацијата М-услуги, најави Дамјан Коњановски, генерален секретар на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Според него, картичката ќе може да се користи во текот на целата година, а не само за време на академската година, со што студентите ќе добијат дополнителна финансиска поддршка и ќе ги намалат секојдневните трошоци.

— реклама —

Коњановски информираше дека се подготвува ново законско решение, во чие изработување се вклучени Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за финансии и други надлежни институции.

Паралелно, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка.

— реклама —

Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ велат дека мерката е дел од пошироките активности за подобрување на условите за образование и животниот стандард на младите.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryetdn1mra1ed94QSa2L1

Личната карта и возачката дозвола на мобилните телефони – апликацијата „м.Услуги“ пристигнува

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања