Поројниот дожд кој денес го погоди главниот град предизвика поплави на улиците но и во домовите на некои од жителите.
Според видеата споделени на социјалните мрежи, населбата Шуто Оризари е меѓу најпогодените од поплавите.
На видеото се гледа жител на општината кои загубил се поради полавата, целиот негов дом и двор се поплавени, а како што се гледа на видеото поплавен е и голем дел од населбата.
Претходно на социјалните мрежи беа објавени фотографии од поплавени улици во Кисела Вода, а граѓаните имаат потешкотии при нивното движење.