„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Сведоштво за скандалот на Урологија: Тоа беше урлање, сите беа затечени и уплашени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
urolog

Ивана Ачимовиќ, која со нејзиниот дедо чекала за преглед кај доктор на Клиниката за урологија и го снимила како тој хистерично вика, пред камерите на „Претрес“ раскажа што се случило. Го однела нејзинот дедо кој има тежок вид на канцер и не може да се оперира, а бил со оток и болки. Влегла и објаснила дека пациентот е во тешка состојба, а дека надвор сите пациенти се тн „стоечки пациенти“ и замолила да биде примен.

— реклама —

„Се согласувам дека секој таму има проблем, но во медицината, бидејќи сум студент по медицина и наскоро ќе бидам доктор, притоа и медицинска сестра со искуство, постои медицинска тријажа. Влегуваат пациентите во потешка состојба, однсоно надордски кажано, пациенти што стојат и пациенти во количка. Докторот рече ќе го прими, поминаа саат време. Потоа влезе мојата баба да го праша, но од надвор, од пред амбуланата слушнав како вика на нејзе. Но тоа не беше гласен говор, тоа беше урлање, морам жаргонски да се изразам. Потоа влегов внатре, со персирање и без никакви навреди, го прашав од каде му право да вика на баба од 70 години? Почна и на мене да вика, ја гурна вратата покрај која бев јас, со тоа мене ме гурна мене, а јас баба ми. Ја фатив вратата и прашав дали доликува вакво однесување на еден доктор, по што тој почна хистерично да се однесува. Кога се оддалечи од мене, јас го земав телефонот да снимам. Немаше никаков напад, неговите колеги стоеја и гледаа, а ако имаше напад, веројатно и тие ќе се тргнеа, немаше да стојат покрај мене“, рече Ачимовиќ.

Потоа докторот почнал да вика, што се гледа и од снимката. Неговите колеги долше да ја смируваат. Пациентот бил примен потоа од три уролози и истретиран.

— реклама —

„Сите беа затечени и уплашени. Она викање не е нормално како кога некој е изнервиран, тој почна многу гласно да се дере. Медицинскиот персонал беше во шок. Никој тоа не го очекуваше“, додаде таа.

„Скопје1“ упати прашања до докторот посочен од Ачимовиќ, за тоа, што довело до вакво хистерично викање, дали чувствува одговорност и дали се извинил - на што не добивме одговор. Тој вчера бил поканет и во поткастот „Претрес со Ландов“, за да објасни што се случило - но не одговорил на поканата, ниту на повиците.

Целиот разговор во „Претрес со Ландов“:

mhGZTpMMKQc
?t=2766

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања