Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Свлечиште во Кина затрупа куќи, најмалку две лица загинаа, а десет се исчезнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryresjc760pck67ro2HIE

Најмалку две лица загинаа, а десет се водат како исчезнати по свлечиште што погоди населено место во источниот дел на Кина, по обилните врнежи предизвикани од тајфунот Саудел.

Свлечиштето рано во саботата погодило дел од село во округот Суичуан, во провинцијата Џангси. Локалните власти веднаш испратиле спасувачки екипи на терен, а жителите биле преместени на побезбедно место поради опасност од нови одрони.

— реклама —

Според информациите, едно лице било извлечено од урнатините без знаци на живот, додека две лица биле спасени живи и се во добра состојба.

Државната телевизија CCTV објави дека спасувачите утрово пронашле уште едно безживотно тело меѓу урнатините на куќи. Потрагата по останатите исчезнати продолжува.

— реклама —
— реклама —

Свлечиштето е последица на обилните врнежи што ги донесе тајфунот Саудел, кој е 18-ти тајфун што ја погоди Кина годинава. Во четвртокот, Саудел по третпат стигнал до копното, овојпат во округот Џангпу во градот Џангџоу, во провинцијата Фуџијан. Поради предупредувањата за силен ветер и поројни врнежи, десетици илјади жители биле евакуирани.

Тајфунот погодил и 128.500 жители во 53 окрузи во соседната провинција Џангси, каде што речиси 8.700 луѓе биле итно евакуирани.

Спасувачките служби продолжуваат со пребарувањето на погоденото подрачје, додека властите ја проценуваат штетата предизвикана од невремето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7nhaeo7c3nfeJcyUBe

(Видео) Пловечки мост во Кина долг 500 метри се наоѓа на само неколку сантиметри над водата

Вирално | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

Кина ја засилува употребата на арктичкиот коридор: Испораките до Европа се скратуваат до 25 дена

Свет | пред 2 дена

media-library4r1bae2krivj7ZG8yTf

(Видео) Катастрофален земјотрес во Кина: Најмалку 16 загинати, стотици куќи урнати

Свет | пред 5 дена

media-libraryaei88dofkepc9yZMMs6

(Видео) Тригодишно девојче во Кина висело од прозорец на 12. кат со главата заглавена во решетките – соседите го спасиле во последен момент

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања