Со шок и неверување, таткото на загинатата Теодора, Круме Ристовски, ја слушна пресудата со која на возачот Менсур Пајазити му беше изречена казна од две години затвор. Тој рече дека правда овде - нема.
„Згаден, како? Како човек сум згаден.. Што да очекувам од оваа држава, кажете ми? Плачев за правда, правда - нема! Нема никад да има правда во оваа држава. Оваа држава отиде! Постепено државата ни пропаѓа. Младите бегаат, ние постарите ќе бегаме. Оваа не е држава“, рече Круме Ристовски.
Две години затвор за возачот кој смртоносно ја прегази 22-годишната Теодора од Тетово
Возачот кој смртоносно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска, доби две години казна затвор. Ова е пресудата на Основнниот суд во Тетово, откако процесот 2,5 години се влечеше низ правосудните лавиринти. Казната е изречена по признание на вина. Семејството е разочарано од казната.[caption id="attachment_323339" align="alignnone" width="881"] Screenshot[/caption]Рочиштето се одржа откако претходните две се одложија, оти возачот, Менсур Пајазити, бил во болница.По сообраќајната несреќа во авгус
Македонија | пред 1 година
По сообраќајната несреќа во август 2022 година, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023 по признавање на вина на возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор.
Казната беше обжалена, а Апелација-Гостивар ја намали на две години затвор. Потоа, Врховен суд го уважи барањето и пресудите беа укинати, а процесот се судеше одново. Тој беше гонет за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот.