Промени тема
Контакт

(Видео) Таткото на Вања донесен од затвор во суд, мајка му и татко му дојдоа да го поддржат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
viber_image_2024-03-13_13-12-34-042

Таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски, беше спроведен во Врховниот суд, каде што за првпат се одржува јавна седница за притвор. Освен него, во јавност дојде и неговото семејство - мајка и татко, во знак на поддршка. На седницата ќе се бара Ѓорчевски по повеќе од три месеци, да биде пуштен да докажува невиност од слобода.

— реклама —

Адвокатот Владимир Туфегџиќ во неколку наврати посочи дека Ѓорчевски се држи во притвор без никакви аргументи, но и без докази за неговата вмешаност во случајот. Тој побара ослободување и од Апелација, но и од Кривичен суд - но не доби.

— реклама —

— реклама —

Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција. Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8em3b8601fju3ZE1TSO

Не се најде пиштолот со кој Палчо ги уби Вања и Панче - запрена истрагата против вработениот во Народна банка оти немало докази

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
palevski-obvineti-vanja

Апелација ја потврди доживотната пресуда за убиствата на Вања и Панче, на таткото Александар пак ќе му се суди

Македонија | пред 2 месеци

palco

(Видео) Адвокатот на Палчо бара одново да се суди убиството на Вања и Панче, па тврди дека тој е невин

Настани | пред 5 месеци

vanja-gjorcevski-aleksandar-

Таткото на Вања кажа дека се чувствува како заложник, Туфегџиќ го нападна Обвинителството: Токму затоа што нема докази треба да биде ослободен

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања