Пејачката Теа Таировиќ каде и да се појави правеше одлична атмосфера, а тоа го докажуваат и снимките од нејзиниот последен настап.
Имено, нејзината песна „Хајде“ забележа милионски прегледи на Јутјуб, а најголем бакшиш го добива токму кога ја изведува истата.
Ништо поинаку не беше ни овој пат. Таа го испеа својот голем хит и и пријде еден дечко кој почна да ја украсува со банкноти кои таа ги собра со насмевка.
Инаку, на Теа не и пречи да ја нарекуваат кралица на бакшишите.
-Не ми пречи да ме нарекуваат така, тоа го гледам како нешто добро и награда, бидејќи во тој момент успеав да ги расположам луѓето на прославата. Тоа не е лоша работа, рече таа во една прилика.
https://www.tiktok.com/@marina_kinali/video/7056379269840194821?is_from_webapp=1&sender_device=pc&web_id7013429959780812294