Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Тинејџери во САД пиеле алкохол и пукале со играчка пиштол, роботакси ги пријавил во полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryfjiict16rivn8oMXylO
screenshot facebook

Двајца 15-годишници беа приведени во американската сојузна држава Калифорнија, откако автономен автомобил на компанијата „Вејмо“ сам ја известил полицијата за нивното однесување.

Според полицијата во Сан Матео, малолетниците пиеле алкохол и испукувале водени топчиња од играчка пиштол додека се возеле во автомобилот без возач.

— реклама —

Откако ги регистрирал случувањата, системот на „Вејмо“ го запрел возилото на паркинг и автоматски ја известил полицијата, која пристигнала на местото и ги привела тинејџерите.

Фотографиите објавени од полицијата покажуваат повеќе полициски службеници кои го опколувале возилото во трговски центар во Сан Матео.

— реклама —
— реклама —

Од полицијата наведоа дека малолетничкото консумирање алкохол и насочувањето дури и на играчка пиштол кон случајни минувачи претставуваат опасно и неодговорно однесување.

Од „Вејмо“ потсетуваат дека нивните автономни возила се опремени со внатрешни камери, а во итни ситуации тимот за поддршка може во живо да ја следи состојбата во возилото.

Компанијата веќе нуди комерцијални услуги со роботакси во неколку американски градови, а најави и проширување на услугата во Европа, почнувајќи од Лондон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library362ucteqq34kcKqKHyw

(Видео) Крвав инцидент во САД: Едно лице загина, осуммина ранети во пукање пред стадион

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

САД издадоа итно предупредување за можен напад врз музеј и парк во Москва

Свет | пред 23 часа

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Удар за администрацијата на Трамп пред изборите: Судот забрани притисоци врз изборните службеници

Свет | пред 1 ден

media-libraryiv4ibsq218v9ckoGtY7

САД ја откажаа заедничката фотографија на министрите од Г20 поради присуството на Лавров

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања