„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

(ВИДЕО) Толкување на знаковен јазик на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
znakoven-jazik

За прв пат во Република Македонија, Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост е достапна на знаковен јазик за лицата со оштетен слух. Со овој чекор, се почитува правото на пристапност до информации во пристапен формат, назначено во членот 9 - Пристапност и членот 21 – Слобода на изразување и мислење и пристап до информации од истата Конвенција.

— реклама —

Видеото е изработено од страна на Националното координативно тело, во соработка со Викторија Волак- сертифициран знаковен преведувач, а со финансиска поддршка од Фондот за население при Обединети нации (UNFPA). Освен интегрирана верзија на Конвенцијата, изработени се и кратки видеа за секој член посебно, со цел полесен пристап до истите.

Националното Координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија претставува национален механизам за координација на мерките предвидени во Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Неговата основна улога е координација на институциите во процесот на спроведувањето на мерките од Конвенцијата на ООН. Во својот делокруг на делување, телото предлага и доставува мислења за законски и подзаконски акти во склад со начелата на Конвенцијата.

— реклама —

Со своите активности, Координативното тело директно придонесува за унапредување на сите човекови права и основни слободи на лицата со попреченост.

5l1kc6SzTVs

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања