Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Трагедија во САД: Пет загинати и десетици повредени во превртен автобус со туристи кај Нијагарините водопади

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-08-23-at-09.29.03

Пет лица загинаа, а десетици беа повредени во несреќа што се случи вчера кога туристички автобус со околу 55 патници се преврте на автопат во близина на Бафало, во северниот дел на американската држава Њујорк, недалеку од канадската граница.

— реклама —
— реклама —

Според државната полиција, најголем дел од патниците биле со индиско, филипинско и кинеско потекло. Во автобусот имало и деца, но меѓу загинатите нема малолетни лица.

Полицискиот портпарол Џејмс О’Калаган изјави дека автобусот се враќал од Нијагарините водопади кон Њујорк, кога возачот изгубил контрола, најверојатно поради невнимание. Исклучена е можноста за механички дефект или возење под дејство на алкохол.

— реклама —

Според медицинските служби, ниту еден од повредените веќе не е во животна опасност. Дваесетина возрасни лица се пренесени во болници, а за транспортот беа ангажирани осум хеликоптери.

Кинеската државна телевизија CCTV потврди дека меѓу патниците имало шест кинески државјани – петмина се полесно повредени, а еден морал да биде опериран.

Преведувачи беа испратени на лице место за да им помогнат на странските туристи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiv4ibsq218v9ckoGtY7

САД ја откажаа заедничката фотографија на министрите од Г20 поради присуството на Лавров

Свет | пред 11 час

— реклама —
Policija

Мајка во САД ги задушила трите деца со ленти за вежбање, поранешниот сопруг ги тужи психијатарот и медицинската сестра кои ја лекувале од постпородилна психоза

Свет | пред 22 часа

rast-na-berzi

Волстрит расте и покрај стравувањата од ново зголемување на каматите во САД

Свет | пред 1 ден

Pentagon

Предупредување од САД: Граѓаните да обезбедат храна, вода и батерии за итни случаи

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања