Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) Трагедија во Тајланд: Фудбалер загина од удар на гром среде натпревар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Свет
media-library7h8qghull7fqeoC5d6D
screenshot x

Трагедија го потресе Тајланд откако гром удри на фудбалски терен за време на натпревар, при што загина 24-годишниот фудбалер Сафван Авае, а уште 12 играчи се здобија со повреди и изгореници.

Според медиумските извештаи, инцидентот се случил за време на регионалниот турнир „Голок куп“ на стадионот „Сантипап“ во провинцијата Наративат, каде што играле аматерски екипи од Тајланд и Малезија.

— реклама —

Драматична снимка го покажува моментот кога силен блесок од гром го осветлува теренот додека натпреварот се играл на силен дожд. По ударот избувнал пламен и се појавил облак од чад, по што играчите и гледачите во паника почнале да бегаат.

— реклама —

Авае останал без свест по ударот, а неговите соиграчи и присутните веднаш се обиделе да го реанимираат. Тој бил пренесен во болница во критична состојба, но подоцна им подлегнал на повредите.

— реклама —

„Иако медицинскиот тим направи сѐ за да му го спаси животот, жртвата им подлегна на тешките повреди“, изјавил началникот на полицијата Тун Сирихун.

— реклама —

Авае неодамна го исполнил својот сон потпишувајќи договор со полупрофесионалниот клуб ФК Јала, кој настапува во третата лига на Тајланд. Од клубот се простија од својот фудбалер со емотивна порака на социјалните мрежи.

Тајланд моментално се наоѓа во сезоната на монсуни, која носи чести грмежи, невреме и обилни врнежи низ целата земја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Penov

ЛДП и ГРОМ одат заедно на локалните избори во Скопје

Скопје | пред 10 месеци

pozar-Veles

Гром удрил во погонот на BioCosmos и предизвикал пожар – компанијата се огласи со официјално соопштение

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања